Продолжува уредувањето на излетничкото место „Студена вода“ во Куманово

19.06.2020 07:21 | KumanovoNews

Продолжуваат работните активности за уредување на излетничкото место „Студена вода“, кое се наоѓа во близина на селото Доброшане во Куманово. Изградбата извесно време беше стопирана поради временските услови и коронавирусот.

Продолжува уредувањето на излетничкото место „Студена вода“ во Куманово

Излетничкото место се очекува да се стави во функција на граѓаните на почетокот на месецот јули.

Проектот - „Уредување на излетничко место во рурална средина“ чини околу 200.000 евра, а средствата се обезбедени од Агенција за финансиска поддршка на земјоделство и рурален развој и Општина Куманово. Општина Куманово како учесник во проектот обезбедува 6.830.000 денари.

„Во тек е поставување на 6 летниковци, подземна инфрастурутура, како и довод на електрична енергија. Проектот предвидува и партерно уредување на 1000 м2 површина , поставување на бекатонски патеки. Исто така, ќе се постави и урбана опрема, која се состои од: 18 скари, 30 корпи за отпадоци, 30 канделабри, 24 маси, 6 настрешници, а ќе се уреди и паркинг простор“, вели  вели Момчило Јовановски, помошник раководител од одделението за комунални работи на Општина Куманово.

Воедно, ќе се реконструира и локалниот пат, како и постоечката чешма и спомен одбележјето.

Со овој простор кумановци ќе добијат уредено излетничко место. Локалитетот „Студена вода“ со години беше неуреден и запуштен предел.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk