Продолжуваат ИПА обуките за администрацијата

05.03.2010 14:17 | KumanovoNews

 Администрацијата во Општина Куманово денеска присуствуваше на четвртата работлиница за изработка на проекти за добивање средства за претпристапна фондови на ЕУ.

Продолжуваат ИПА обуките за администрацијата

 -Локалната власт е заинтересирана за користење на средства од ИПА програмата,конкретно за реализација на проектот мини пречистителни станици во руралните средини. Треба да добиеме грант од аврстриската влада и општината ќе се заодлжи со 4 милиони евра, но сепак недостигаат средства за целосна реализација на проектот.Планираме дополнителните 2,5 милиони евра да ги добиеме од ИПА програмата и заради тоа е неопходно, општинската администарција да е упатена за можностите, начините за аплицирање и користење на средствата од програмата"- вели градоначланикот Зоран Дамјановски.


 Проектот за обука на администрацијата е првиот чекор до пристапот до европските пари.Од подготвената програма на ниво на Евопрската унија ИПА 2007-2013 во која Македонија како земја кандидат може да аплицира за одредени проекти.

 Обуката на администрацијата се реализира со помош од италијанската влада.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk