Проект “Мое, твое, наше“ во ОУ “Христијан Карпош“

02.12.2013 10:21 | KumanovoNews

Во основното училиште “Христијан Карпош“ отпочнува проектот “Мое, твое, наше“, кој има за цел да ја промовира здравата храна и националната македонска, српска и ромска кујна.

Проект “Мое, твое, наше“ во ОУ “Христијан Карпош“

Проектот прво предвидува награден конкурс за ликовни и литературни творби на иста тема, а потоа ќе следуваат работилници за здрава храна. Во проектот ќе се вклучат децата и родителите, а во март следната година ќе има презентација на сите реализирани активности.

Училиштето по трет пат реализира проект во кој ќе се вклучат ученици од различни националности.

Овој проект се спроведува преку програмата за образование на Роми на УСАИД.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk