Проект за подобрување на правата на децата Роми

26.06.2018 10:35 | KumanovoNews

 Проектот "Градење на посилни локални мрежи за подобрување на заштитата на правата на децата Роми", кој го спроведува Центарот за семејно и детско згрижување од Грција, денеска беше промовиран во Куманово.

Проект за подобрување на правата на децата Роми

Главна цел на проектот е заштита на ромските деца во согласност со националната и европска  рамка на политики кои се однесуваат на интеграција на Ромите.

„Проектот е дизајниран да ги зајакне капацитетите на локалните координативни тела (ЛКТ) надлежни за спроведување на Локалните акциски планови кои произлегуваат од Стратегијата за Роми во Република Македонија за периодот 2014 – 2020 година. Исто така проектот се фокусира и на јакнење на функционалноста и одржливоста на организациите кои работат со Роми се со цел подобра заштита на права на децата Роми“, - изјави Александар Ванчовски, од Центарот семејно и детско згрижување.

Проектот "Градење на посилни локални мрежи за подобрување на заштитата на правата на децата Роми" ќе се спроведува 18 месеци и е финансиран  од страна на Европската Унија преку Секторот за централно финансирање и склучување на договори (ЦФЦД) при Министертвот за финансии на Република Македонија.

Ќе се спроведува во 7 општини во државата.

Во Куманово партнер организација е невладината ДРОМ.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk