Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Центарот за ромска заедница „ДРОМ“,денеска се одржа првата информативна сесија од проектот „Поддршка за вклучување на жени Ромки и жените од другите етнички малцинства на пазарот на трудот“.
Проектот кој е поддржан од ЕУ го имплементираат Здружението на граѓани Македонски центар за женски права ШЕЛТЕР Центар Скопје во партнерство до „ДРОМ“.
Во рамките на проекот кој се спроведува во Куманово,Скопје и Битола предвидено е да се оддржат шест информативни сесии,на кои преставници од Центрите за вработување ќе ги обучуваат жените и ќе ги промовираат мерките за вработување, со цел, жените полесно да конкурираат на пазарот на трудот“-изјави Донка Петровска од ДРОМ.
40 жени жени учествуваат во проектот во Куманово.Преставници од Центарот за вработување ќе ги информираат и обучат за мерките, самовработување, субвенционирано вработување и ќе работата со нив на подобрување на личните вештини.Од нив ќе бидат одберени 20 кои ќе одат на обука кај работодавач,по што полесно ќе конкурираат на пазарот на трудот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk