Проект за ресоцијализација на младите престапници

22.08.2013 14:05 | KumanovoNews

Центарот за меѓукултурен дијалог заврши обука со 28 младински работници од десетина земји кои работат со млади луѓе престапници.

Проект за ресоцијализација на младите престапници

Целта е на младите со девијантно однесување кои се во казнено - поправи установи да им се овозможи ресоцијализација и вработување.

Преку обуката се работеше на подобрување на квалитетот на образовните програми, правејќи ги повеќе достапни, според потребите на младите луѓе кои се во процес на ресоцијализација. Како резултати од проектот се развија програми со кои ќе можат младите да го зголемат учеството во заедницата откако ќе ја напуштат институцијата каде се сместени. Такви проекти веќе се спроведуваат преку системот на волонтирање на ЦИД, но се очекува наскоро да се аплицираат проекти кои на овие лица од Македонија ќе им овозможат волонтерска работа под надор во странство - вели Стефан Маневски од ЦИД.

Во рамки на проектот беше посетен Црвен Крст Охрид, Центарот за социјални работи, малолетничкиот затвор во Охрид и Советот за превенција во МВР.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk