Проект за влашкото малцинство во Куманово

19.04.2016 10:52 | KumanovoNews

Центарот за интеркултурен дијалог ЦИД од Куманово, во наредните три години ќе го спроведува проектот "КУ Тенда - приказни, слики и звуци во движење (Сеќавања од Југоисточна Европа)".

Проект за влашкото малцинство во Куманово

„Целта на проектот е да се прикажат материјалните и нематеријалните наследства на малцинските групи како и нивната поврзаност со мнозинската култура во секоја земја. Ние во Македонија ќе се фокусираме на влашкото малцинство и неговата богата културолошка традиција, и тоа посебно во овој североисточен регион со Куманово како негов најразвиен центар, - соопштуваат од ЦИД.

Планирано е да се одржат бројни работилници во секоја од партнерските земји кои ќе го охрабрат меѓукултурниот дијалог преку уметност, занаетчиство, гастрономија и сл.

На патувачки изложби како во Македонија така и во земјите на партнерските организации ќе се претставуваат уметнички производи, преку концерти на традиционална и современа  музика, филм, театарски перформанси и сл., кои треба да ги одразат материјалните и нематеријалните наследства на малцинските групи.

Проектот се реализира во соработка со Романскиот Национален музеј во рамки на програмата Креативна Европа на Европската Комисија. Партнери на ЦИД во спроведувањето на овој проект ќе бидат организации од Италија, Романија и Бугарија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk