“Професор Мијалковиќ“ прима нови ученици

12.06.2014 08:10 | KumanovoNews

Ученичкиот дом “Професор Мијалковиќ„ го објави конкурсот за упис на нови ученици за наредната учебна година.

“Професор Мијалковиќ“ прима нови ученици

Домот има капацитет од 120 места а сместувањето и исхраната на учениците е на трошок на државата.

- Учениците кои сакаат да престојуваат во домот треба да се запишани како редовени ученици во средно училиште и да се државјани на Република Македонија. Да живеат најмалку 25 километри оддалеченост од школото или на 10 км ако немаат организиран превоз. Потребни документи треба да се достават до 7 јули. Вселувањето на учениците започнува на 31 август, а резултати од конкурсот ќе бидат објавени на огласна табла најдоцна до 18 јули - вели Есад Шаботиќ, директор  на “Професор Мијалковиќ“.

Лани во домот престојуваа осумдесетина ученици, од кумановските села, но и од кратовско и кривопаланечко.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk