Професор од „11 Октомври„ наjкреативен во образовниот процес

22.01.2015 09:23 | KumanovoNews

Ненад Начковски, професор по класична култура во европска цивилизација и етика од основното училиште “11 Октомври“, е избран за најдобар професор за отворени образовни ресурси во државата.

Професор од „11 Октомври„ наjкреативен во образовниот процес

Натпреварувањето го организирала Алијансата за отворени образовни ресурси од Скопје, а во конкуренција биле 16 професори.

“ Изборот е направен врз основа на резултатите од нашата работа на блоговите. Мојата блог страница е Mythosmk.blogspot.com, и ја изработив пред 5-6 години. На неа има едукативни содржини, опсежна обработка на наставните програми, материјална и духовна култура на старите Хелени и старите Римјани. Она што го работиме на часови го презентирам со употреба на различни извори, вежби, работни материјали, a сега имам изработено интерактивен квиз на блогот и тест,“ - изјави Начковски.

 Тој вели дека работата му причинува големо задоволство, а има за цел да привлече што повеќе ученици на интересен и несекојдневен начин да го совладаат наставниот матерјал. Планира наскоро тестовите да ги спроведува електронски, и да го усоврша системот. Блог страницата можат да ја користат учениците, наставниците и други љубители на класичната култура.

Начковски како награда добива учество на Едуконференција за наставници и информатичари 2015, која на 24 и 25 јануари ќе се одржи во Струга.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk