Професори по физичко ќе поминат обука за работа со ученици со попреченост и непливачи

21.12.2024 11:10 | Оливера Пешевска

Четириесетина професори по физичко и здравствено образование кои се вклучени во проектот за субвенционирање на часови по пливање за ученици од сите основни и средни училишта, започнаа обука за одржување на часови на непливачи и ученици со попреченост во градскиот базен во Куманово.

Професори по физичко ќе поминат обука за работа со ученици со попреченост и непливачи

Проектот е дел од мерката за субвенционирање на пливање за учениците во основните училишта ќе продолжи следната година, а се спроведува 9-та година по ред. 

Часовите за обука ги држи Игор Димовски, тренер во Специјалната олимпијада- Македонија, кој има искуство во работа со децата со попреченост, а практично демонстрираше одржување на час со помагала со помош на Јулијана Петровска, Марио Петковски и Стефан, учесници на повеќе спортски манифестации за лица со попреченост.

Професорите по физичко сметаат дека ова е одличен начин да научат нешто ново и да ги надградат своите знаења. Веќе се набавени и технички помагала кои се неопходни за одржување на часови за деца кои се на помала возраст, непливачи или лица со посебни потреби. 

И за следната година се одвоени 10 милиони денари со кои ќе се субвенционира продолжување на мерката. Според податоците на надлежните мерката се спроведува со 1.100 ученици од 19 основни и средни училишта, вклучувајќи и деца од Регионалниот центар „Киро Бурназ“.

„Куманово е единствена општина која ги покрива сите трошоци за учениците, но и за наставниците дава дополнителни средства да се вклучат во овој проект. Посакувам да има уште повеќе дечиња вклучени во проектот за бесплатно пливање, а ви посакувам успешна обука во практичниот дел“, објасни раководителот Александар Јовановиќ. 

Родителите мините години реграа дека со мерката се привелегираат одредена група на ученици- пливачи, што го подигна прашањето за останатите ученици кои се хендикипирани на некој начин.  

Тогаш надлежните подвлекоа дека секој родител потпишува согласнот за посета на часовите, но дека не секој наставник е спремен да преземе ризик и одговорност за децата- непливачи, па дури и со технички помагала. 

Мерката за субвенционирање и обуките за наставниците се спроведуваат преку Општинскиот сојуз на училишен спорт. 
 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk