Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Градоначалникот Борјанчо Мицевски денеска ги додели наградите на најдобриот пожарникар и најдобриот полициски службеник во Општина Крива Паланка за 2019 година.
За своите заслуги во работењето и за својата пожртвуваност и одговорност, признание добија: Слаѓан Давитковски, за најдобар пожарникар за 2019 год. припадник на ТППЕ од Крива Паланка и Владимир Стојановски, за најдобар полициски службеник за 2019 година во ПС од ОН Крива Паланка.
Градоначалникот Мицевски, изјави дека изборот беше исклучиво на командирите на двете служби, за тоа кој од вработените ќе биде прогласен за најдобар во службата.
„Верувам дека дека ова признание и награда, поттикнува лична мотивација кај секој од вас, да не ја штедите вашата хуманост, одговорност и посветеност кон работните задачи и овој принцип да го користиме во секој момент и да го покажеме на дело во средината во која живееме и работиме“, - истакна градоначалникот.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk