Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Избрани се најдобрите литературни творби на конкурсот „Вук Караџик“ на слободна тема на српски јазик, за учениците од основните училишта во Македонија, кој го распиша Обединета српска заедница Куманово(ОСЗК).
Комисијата за најдобри ги прогласи: прво место и добитничка на наградата„ Вук Караџиќ“ е Миња Димитријевиќ од ООУ „Крсте Мисирков“, Куманово, втората награда и припадна на Симона Величковска ООУ „Светозар Марковиќ“ и третата на Лела Вељковиќ од ООУ „Светозар Марковиќ“ од Старо Нагоричане.
За првопласираниот ученик наградата се состои од диплома и печатење книга на српски јазик, а за второ и трето пласираните дипломи и книги. Целта на конкурсот е афирмирмација на српскиот јазик.
На конкурсот се пријавиле 15 ученика од повеќе основни училишта во регионот. Литературните творби се поезија и проза, напишани и презентирани на српски јазик.
Проектот е поддржан од Министерство за дијаспора на Република Србија, а го реализира Обединетата српска заедница Куманово и ЕКЦ „Нана“.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk