Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Здружението на просветни работници денеска ги прогласи учениците на генерација за 2013/14 година во основните и средни училишта во градот.
Најдобрите осмооделенци и матуранти денеска ги прими градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски, кој им ги врачи дипломите за постигнатиот успех.
Сакам да ве потикнам и понатаму да продолжите интензивно да го усовршувате своето знаење и да бидете горди членови на нашата заедница, и граѓани на Куманово. Македонија има проблем со одлив на млади луѓе поради тешката економска состојба во државата. Сакам да изградиме една генерација на ученици и студенти кои ќе ја градат иднината на оваа држава, а пред се на овој град. Во мое име и во името на општината ви ги честитам постигнатите резултати- рече градоначалникот Дамјановски во обраќањето пред учениците и професорите.
Лидија Николовска-Георгиевска, претседателка на Здружението на просветните работници, го истакна значењето на образованието како единствен пат за иднината на младите генерации кои треба да чекорат исправно и сигурно за доброто на сите.
Вие сте идни градители на иднината во овој град кој е мултиетнички и мултикултурен. Вие треба вашите знаење да ги споделите со другите и да градите мостови на доверба, почит, толеранција и активно да учествувате во животот. Сега сте на една крстосница кога треба да изберете нови образовни предизвици, но јас верувам дека успешно ќе се носите со животот- рече Николовска-Георгиевска.
Една од дваесет и осумте најдобри ученици е матурантката Андријана Славевска од средното училиште Перо Наков, која планира да запише економскио факултет.
Многу ми значи и чест ми е што сум прогласена за ученик на генерација, бидејќи во изминатите 4 години вложив многу труд и учење. Им порачувам на сите ученици да посветат максимално во своето образование, и покрај тоа што не секогаш учењето се наградува, но сепак е многу битно за секој млад човек- вели Андријана.
Оваа година од две основни училишта има по два ученика на генерацијата, поради извонредните резултати што ги покажале.
Од основни училишта ученици на генерација се:
1. Марко Димковски - ОУ “Вук Караџиќ“ - Куманово
2. Тамара Митровска - ОУ “11 октомври“ - Куманово
3. Драгана Благојевиќ - ОУ “Браќа Рибар“ - с. Табановце
4. Драгана Петрушевска - ОУ “Вера Которка“ - с. Клечовце
5. Горана Стојановска - ОУ “Браќа Миладиновци“ - Куманово
6. Сања Грујиќ - ОУ “Браќа Миладиновци“ - Куманово
7. Јована Јовановска - ОУ “Крсте Мисирков“ - Куманово
8. Фросина Станковска - ОУ “Х. Т. Карпош“ - с. Младо Нагоричане
9. Фјола Бељуљи - ОУ “Бајрам Шабани“ - Куманово
10. Никола Даневски - ОУ “Кочо Рацин“ - Куманово
11. Сара Г.Цветановска - ОУ “Кирил и Методи“ - с. Романовце
12. Рина А.Марсели - ОУ “Кирил и Методи“ - с. Романовце
13. Емруш Фазлиу - ОУ “Јероним Де Рада“ - с. Черкези
14. Јована Темелковска - ОУ “Толи Зордумис“ - Куманово
15. Мартина Спасовска - ОУ “Карпош“ - с. Умин Дол
16. Рина Азири - ОУ “Наим Фрашери“ - Куманово
17. Дејан Станковиќ - ОУ “Светозар Марковиќ“ - с. Старо Нагоричане
18. Ангелина Милановска - ОУ “Магдалена Антова“ - Карпош
19. Мартина Радевска - ОУ “Магдалена Антова“ - Карпош
20. Анастасија Спировска - ОУ “Христијан Карпош“ - Куманово
21. Сара Ристовска - ОУ “Х.Т.Карпош“ - с. Драгоманце
22. Симона Божиновска - ОУ “Битолски конгрес“ - с.Лопате
23. Џавит Куртиши - ОУ “Битолски конгрес“ - с. Лопате
Од средните училишта ученици на генерација се :
1. Стефан Ристовски - ОСТУ “Наце Буѓони“ - Куманово
2. Андријана Славевска - СОУ “Перо Наков“ - Куманово
3. Александар Милутиновиќ - ССОУ “Киро Бурназ“ - Куманово
4. Лоди Додевска - СОУ “Гоце Делчев“ - Куманово
5. Фисник Лимани - СОУ “Сами Фрашери“ - Куманово
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk