Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Регионалното здружение на просветни работници денеска ги прогласи најдобрите ученици на генерацијата 2020/21 година во основните и средни училишта во општините Куманово и Старо Нагоричане. Признанието го доби 31 ученик, 24 од основното образование и 7 од средните училишта.
Свеченоста се одржа во Занаетчискиот дом во Куманово во присуство на претставници од локалната самоуправа, училиштата и семејствата на учениците.
„Почитувани ученици, за да станете првенци на генерацијата, вие моравте систематски и континуирано да се градите како личности во однос на знаењата и способностите и да се откажувате од многу работи, кои го привлекуваа вниманието на вашата генерација. Вие, пред се` го насочивте вашето внимание кон учењето, затоа што учењето не е подготовка за живот, тоа е процес кој трае од самото раѓање, тоа е животот. Продолжете смело да чекорите кон иднината, не запирајте, исправете се гордо и надминете ги тешкотиите во образовните активности и секојдневниот живот“, кажа претседателката на Здружениеот на просветни работници Лидија Георгиевска.
Најдобрите ги поздрави и градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски, кои им посака многу успех во понатамошното школување и ги охрабри да продолжат вредно да работат, бидејќи само трудот и упорноста даваат високи резултати.
„Во мое лично име и во името на граѓаните на Куманово ви честитам вам, на вашите наставници и ментори и секако на вашите родители, кои ви даваат поддршка во вашето надоградување. Куманово е среќно што има вакви млади луѓе, бидејќи еден ден ќе го оставиме во сигурни раце, а верувам дека токму од овие млади луѓе ќе произлезат идните лидери на заедницата“, кажа Димитриевски.
За првенци на генерацијата 2017 - 2021 година во основните училишта во Куманово се прогласени деветтоодделенците: Натали Кировска од ООУ „Крсте Мисирков“, Ања Петровска од ООУ „Вук Караџиќ“, Камелија Станковска од ООУ „Магдалена Антова“, Бојана Ваљавичарска од ООУ „Карпош“ с. Умин Дол, Леона Јакимовска од ООУ „Вера Которка“ с. Клечовце, Андреј Михајловски од ООУ „11 Октомври“, Јован Ѓуревски од ООУ „Христијан Карпош“. Во ООУ „Браќа Миладиновци“ со подрачните училишта во селата Пчиња и Студена Бара, за најдобри се прогласени Нела Ивановиќ, Сара Лефтерова и Дарио Велимировски, во ООУ „Кочо Рацин“, Марко Димитриевски и во ООУ „Толи Зордумис“ Јована Лазаревска и Ванеса Салију.
Во ООУ „Браќа Рибар“ с. Табановце, Ива Манасијевиќ и Анеса Укшини, ООУ „Кирил и Методиј“ с. Романовце, Накије Муртезани и Себастијан Насковски,
ООУ Битолски Конгрес с. Лопате, Мирјета Азири, ООУ „Јеродим Де Рада“ с. Черкези, Јета Јашари, ООУ „Наим Фрашери“, Елма Ештрефи и ООУ „Бајрам Шабани“, Елмедина Селими.
Во основните училишта во Старо Нагоричане признанието најдобри го понесоа учениците: Викторија Стојановска, ООУ „Христијан Карпош“ с. Младо Нагоричане, Маја Ангеловска, ООУ „Христијан Тодоровски Карпош“ с.Драгоманце и Лела Вељковиќ, ООУ „Светозар Марковиќ“ с. Старо Нагоричане.
Од средните училишта првенци на генерација се Мила Ѓорѓевска од СОУ Гимназија „Гоце Делчев“, Арта Лимани од СОУ Гимназија „Сами Фрашери“, Ангела Николовска и Куштрим Адеми од СОУ „Перо Наков“, Филип Насковски и Едона Сулејмани од ОСТУ „Наце Буѓони“ и Перица Стевановиќ од ДСУ РЦСОО Киро Бурназ.
Промоцијата на првенците на генерацијата традиционално се организира на 24 мај, по повод Денот на просветните работници, но оваа година се пролонгираше поради коронакризата.
С.Н.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk