Прогласени првенците на генерацијата во основните и средни училишта во Куманово

03.06.2020 05:50 | KumanovoNews

Општина Куманово преку Секторот за образование и Здружение на просветни работници Куманово, секоја година по повод 24 Мај - Денот на сесловенските просветители и учители Свети Кирил и Методиј, ги прогласува најдобрите ученици на генерцијата од основите и средни училишта.

Прогласени првенците на генерацијата во основните и средни училишта во Куманово

Поради моменталната состојба со коронавирусот и забраната за организирање на културни настани, оваа година  не се одржа свечениот настан и доделувањето на дипломи и награди на ученици на генерацијата.

Општинските основни и средни училишта ги прогласија првенците на генерацијата за учебната 2019/2020 година, па посакувајќи им многу успеси во иднина ги објавуваме нивните имиња.

Основни училишта:

Луција Петровска - ООУ „Крсте Мисирков“, Ана Лазаревска - ООУ „Вук Караџиќ“, Стефан Бојковски - ООУ „Магдалена Антова“, Марко Александровски - ООУ „Карпош“, Умин Дол, Сара Александровска - ООУ „Вера Которка“ Клечовце, Мелани Цветковска - ООУ „11 Октомври“, Симона Стојановска - ООУ „Христијан Карпош“, Димитриј Ангеловска и Стефанија Колевска, ПУ Пчиња, ООУ „Браќа Миладиновци“, Марио Бошковски - ООУ „Кочо Рацин“, Ева Анѓелковиќ и Анес Реџепи- ООУ „Толи Зордумис“, Стефанија Стојановска и Доњета Аземи - ООУ „Браќа Рибар“ Табановце, Арбнора Саити и Елеонора Зафировска - ООУ „Кирил и Методиј“ Романовце, Хиџран Салихи и Ива Крстевска - ООУ „Битолски Конгрес“ Лопате, Мерита Мемети - ООУ „Јероним Де Рада“ Черкезе, Мариза Шабани - ООУ „Наим Фрашери“ и Емира Муслиу - ООУ „Бајрам Шабани“.

Средни училишта:

Андреј Величковски - Гимназија „Гоце Делчев“, Еронита Амени - Гимназија „Сами Фрашери“, Јелена Тасевска и Мирлинда Шабани - СОУ „Перо Наков“, Стефан Тошиќ и Члирим Мисини - ОСТУ „Наце Буѓони“, Бојана Милошевска - ССОУ „Киро Бурназ“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk