Програмите за работа на „Водовод„ и „Чистота„ пак пред советниците

13.02.2014 08:49 | KumanovoNews

На денешната седница на Советот на Општината Куманово повторно на дневен ред се програмите за работа за 2014 година на јавните претпријатија „Водовод„ и „Чистота и Зеленило„

Програмите за работа на „Водовод„ и „Чистота„ пак пред советниците

Програмите ќе се разгледуваат по втор пат, откако еднаш не добија подршка од опозицијата, без некои посебни забелешки. Без одобрена програма за работа за тековната година од основачот т.с. Советот, претпријатијата ќе се соочат со проблеми во секојдневното работење и наплата на сработеното.

Директорот на ЈП „Водовод„ Горан Стојковски се надева дека неговата програма денеска ќе биде изгласана.

Во програмата не e сменето ништо во однос на минатиот пат, бидејќи советниците немаа никакви забелешки на нејзината содржина. Сега останува да се обезбеди потребното мнозинство и да се изгласа. Јас се недевам дека денеска советниците ќе покажат дека се пред се кумановци и локал патриоти, па интересите на градот и на граѓаните ќе ги стават пред партиските политики- вели Стојковски.

 Програмите на двете претпријатија се последни точки на Седницата.  

28. Програма за работа на ЈП ‘‘Водовод‘‘ – Куманово за 2014 година;

29. Програма за одржување јавна чистота на јавни сообраќајни површини во Куманово за 2014 – та година;

30. Програма за уредување и одржување на градско зеленило во Куманово за 2014 – та година.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk