„Прохор Пчински„ ќе добие бекатон

01.07.2016 14:00 | KumanovoNews

Улицата „Прохор Пчински“ ќе се поплочи со бекатон.

„Прохор Пчински„ ќе добие бекатон

Реконструкцијата започна денеска а ќе трае во наредните 15-тина дена.

„Улицата е во должина од 145 метри со површина од 537 метри квадратни. Бидејќи улицата е многу тесна и неможе да влезе тешка механизација, ќе се работи со помали машини, па реконструкцијата ќе трае подолго од вообичаеното, - вели Момчило Јовановски, зам. раководител во Секторот за урбанизам.

Реконструкцијата на “Прохор Пчински“ е дел од проектот за летно одржување и реконструкција на сообраќајниците во градот.

Тесната уличка ги поврзува улиците „Димитар Влахов„ и “Кирил и Методи„, над  црквата „Св. Никола“

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk