Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Убавото и сончево време ги измами граѓаните денеска масовно да излезат и да прошетаат низ градот.
Најбројни беа пензионерите на Градскиот плоштад, кои се грееја на јануарското сонеце, а не помалку бројни беа и помладите луѓе по улиците. Раздвиженост имаше на секој чекор.
Бидејќи метеоролозите најавуваат дека од петок времето ќе се расипе, и ќе уследат врнежи од дожд и снег проследени со силен северен ветар, а температурите ќе паднат и до -10 степени, граѓаните со право го користат пролетното време во зима.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk