Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Од денеска започнува пролетното крпењето и санирањето на ударните дупки на улиците и крстосниците во централното градско подрачје.
Според помошник раководителот во Секторот за урбанизам во Општина Куманово Момчило Јовановски, во текот на минатата недела направени се подготовки за отпочнување на работите на улиците „Братство единство„, „Доне Божинов„ и „Бајрам Шабани„.
„Направено е гребење и отстаранување на асфалтот на јавно прометните површини и од понеделник ќе почне нанесувањето на нов слој на асфалт на оштетувањата на улиците, - додава Јовановски.
За таа намена општина Куманово ќе потроши 4,3 милиони денари, а работите ќе трајат околу 3 месеци.
Речиси сите главни сообраќајници во градот имаат дупки и кратери по коловозните ленти, поради што граѓаните реагираат дека ги искршија автомобилите. Затоа бараат од локалната самоуправа да се поведе сметка каков асфалт става фирмата што ги изведува работите, бидејќи искуството од предходните години покажа дека по неколку дожда асфалтот се рони а дупките се прошируваат на улиците.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk