Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во првата половина на наредниот месец ќе започне крпењето на ударните дупки и реконструкција на улиците во градот, кои во текот на зимскиот период се оштетени.
Според информации од Општина Куманово во тек е тендер за избор на фирма за одржување на јавно прометни површини, кој ќе биде отворен на 29 март, по што ќе уследи потпишување на договорот.
„Се работи за голем тендер со кој ќе биде извршена поправка, реконструкција, доградба и надградба на 50.000 квадратни метри улици во градот, а ќе чини 750.000 евра. Работите на терен ќе започнат на почетокот на април. Прво ќе бидат опфатени улиците од прв приоритет во централното градско подрачје, кои се најфреквентни, а потоа ќе се шириме кон периферијата и во населбите каде што има потреба, - изјави градоначалникот Зоран Дамјановски.
Градоначалникот додава дека документацијата за распишување на тендерот била доставена во Бирото за јавни набавки уште на 7 јануари, но предолго чекале на одобрението и затоа неможат порано да започнат со поправка на улиците, но тоа не го дозволуваат ни временските услови.
Со фирмата изведувач ќе се потпише едногодишен договор, а најголем дел од работата ќе се изврши во текот на пролетта и летото.
Додека се чека поправката на улиците на граѓаните им останува да внимаваат каде возат, бидејќи ги испокршија своите коли поради голем број на дупки и кратери по градските сообраќајници. Најголеми оштетувања на асфалтот има на најфреквентните улици, поради големиот мраз и фрлената сол по улиците.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk