Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Започна пролетното крпење на ударни дупки на улиците во градот.
Од Општина Куманово велат дека во првата фаза е предвидено да се асфалтираат оштетените улици во централното градско подрачје, а потоа ќе се интервенира на сообраќајниците во пригратските населби.
Почнавме од улицата Доне Божинов, па кај Кружниот тек, по улиците Гоце Делчев, Бајрам Шабани и Прозорска. Денеска ги подготвуваме улиците во централното градско подрачје кај Комитет, Народна Револуција, Илинденска, додека другата екипа работеше во населбата Карпош. Подготвени се и Србо Томовиќ и кај Зелениот пазар. Вчера се потрешени 30 тони асфалт, денеска планираме уште толку- изјави Момчило Јовановски, раководител во општина Куманово.
Градежните работи ги изведува фирмата Копи инжинеринг од Куманово, а во моментов на терен работат три екипи. За оваа пролетно санирање на оштетувањата на асфалтот ќе се искористат сретства од минатогодишниот тендер, во кој биле предвидени 12, а потрешени само шест милиони денари.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk