Пролетно разубавување на Пелинце од младите на СДСМ

20.04.2011 14:06 | KumanovoNews

 Стотина младинци на СДСМ денеска работеа на пролетно разубавување на природниот амбиент на Меморијалниот спортско-рекреативен центар Пелинце.

Пролетно разубавување на Пелинце од младите на СДСМ

Зелените површини, спортските терени и опесоченоно крајбрежје на реката пчиња се очистени од сувари и од наноси на реката во текот на зимските месеци и потоа засадени со 100 нови ,,жални‘‘ врби и други украсни дрвја. Ново дрво засади и градоначалникот на Куманово Зоран Дамјановски. Идните денови пред големиот празник на трудот 1 Мај уравата на Центарот ќе се погрижи и за освежување на мини-зоолошката градина  со нови интересни содржини.

,,Целта на денешната акција и на останатите работи што ќе ги преземеме наредните денови е за претстојните велигденски празници и особено на меѓународниот Ден на трудот 1 Мај на граѓаните на Куманово и пошироко да им обезбедиме што попријатен претстој во овој наш бисер на природата и на историјата  изложена на увид во објектите на Меморијалниот центар на АСНОМ. Оваа е пригода да ги повикам граѓаните на што помасовна посетеност на Центарот во пријатен амбиент на чие доукрасување, еве денес несебично работат и децава на СДСМ‘‘ - изјави градоначалникот Дамјановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk