Променливо облачно време со услови за дожд во празничните денови

02.05.2024 11:30 | Оливера Пешевска

Во текот на продолжениот викенд времето ќе биде променливо облачно време со спорадични, локални врнежи од дожд. Метеоролозите најавуваат дестабилизација на времето од пладневните часови во четврток.

Променливо облачно време со услови за дожд во празничните денови

„На повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд и грмежи, локално во форма на краткотрајно невреме со засилен ветер и услови за изолирана појава на град. Дневната температура до сабота ќе биде во постепено опаѓање, а во недела ќе се покачи за 2 до 4 степени“, соопштуваат од УХМР.

Променливо облачно и посвежо со повремени врнежи од дожд особено во северните делови од земјата ќе има на 4 мај. Наместа врнежите ќе бидат поројни, проследени со изолирана појава на грмежи. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец.

За Велигден ќе се задржи променливо облачно време со услови за краткотраен пороен дожд, проследен со грмежи во попладневните часови. Температурите ќе се движат од 18 до 25 степени.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk