Промоција на документарниот филм „Мека душа за тврдо железо“

25.09.2019 09:52 | KumanovoNews

Во Занаетчискиот дом во Куманово, вечерва во 19.30 часот, ќе се одржи промоција на етно документарен филм: „Мека душа за тврдо железо“ од етнолозите Надица Петковиќ и Валентина Илиевска.

Промоција на документарниот филм „Мека душа за тврдо железо“

Темата на филмот е ковачкиот занает, кој во последните години е на прагот на изумирање. Луѓето, кои ја раскажуваат својата „приказна“ во документарниот  филм се занаетчиите кои се` уште постојат и го работат истиот занает во нашиот град.

Промотор на филмот ќе биде Славица Христова, советник етнолог во Музеј на град Скопје.

Овој документарен филм е дел од проектите со кои НУ Музеј-Куманово, ќе биде дел од манифестациите  „Европските денови на културното наследство“, со мотото „Уметност и забава“, како и „Куманово - град на културата 2019“.

Проектот е финансиран од Министерството за култура на РС Македонија, а се организира по повод 500 години Куманово и 55 години од постоењето на Музеј Куманово.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk