Промоција на две книги на Ивана Јанева денеска во „Букси“

13.05.2024 14:51 | Теодора Стоевска

Во кафе-книжарницата „Букси“ во Куманово, вечерва со почеток од 19 часот ќе се одржи промоција на книгите „Зборовите на безгласната девојка“ и  „Моќта на безгласната девојка“ од авторката Ивана Јанева.

Промоција на две книги на Ивана Јанева денеска во „Букси“

Промотор на книгите ќе биде Тања Гоцева, а младите од книжевен клуб Куманово ќе читаат извадоци од нејзините текстови. Посетителите ќе можат да ги купат книгите потпишани од авторката по цена од 300 и 350 денари.

Ова не е прва промоција во новоотворената кафе-книжарница во Куманово, а беа организирани и низа работилници за забава и анимација на најмладите. 

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk