Промоција на јубилејното издание на „Корени“

13.04.2016 10:29 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер ќе биде промовиран новиот број на списанието Корени.

Промоција на јубилејното издание на „Корени“

Јубилејното 50 издание, посветено е на кумановските кафеани во 20-век.  Низ една мошне интересна етно-урбана сторија низ бројот се презентира угостителството на градот во минатиот век со сите нишани, низ неа дефилираат многу луѓе, еснафи на градот во времињата изминати, брендови на Куманово  во еден период од стотина години,  се менуваат општествено политичките системи и власта со промените, но таа, Кафеаната, останува стамена и верно го следи развојот на градот пружајки го своите услуги и делот од приказната за овој  град. На околу 200 страници, илустрирани со  интересни фотографии, авторот прави напор да го открие градот низ призма на неговите  угостителски објекти низ кои поминувале најголем дел од граѓаните.

Истата вечер ќе бидат доделени и признанијата на најдобрите есеисти и на лауреатот Фахри Која.

На промоцијата ќе говорат Проф.др. Маја Јакимовска-Тошиќ, проф.др. Александар Прокопиев, Христо петревски и Фахри каја.

Во програмата ќе учествуваат:Милена Гиевска, Ратко Митевски-Чорба и Коста Ќосе, Новко Петрушевски.

Промоцијата е закажана во 19 часот во малата сала.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk