Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Општинската организација на СДСМ и коалицијата, денеска попладне ќе ја започне кампањата за локалните избори со претставување на кандидатот за градоначалник и советничката листа пред граѓаните на Куманово.
Промоцијата ќе се одржи во 19 часот на паркингот кај Градскиот базен на која ќе биде претставена програмата „Најдоброто за нашата општина“ со која партијата ќе ја бара довербата од граѓаните.
„На промоцијата ќе го претставиме концептот за едно општество, коешто ќе се развива во следните 4 години. Истовремено ќе ја презентираме и програмата на нашиот кандидат Оливер Илиевски, а ќе можете можност одблизу да ги запознаете 33-цата кандидати за советници, кои се докажани професионалци и домаќини луѓе во своите средини. На овие избори СДСМ заедно со коалицијата излегува со еден кандидат, тоа е Оливер Илиевски, излегуваме со една листа, а носител е Атина Мургашанска“, изјави претседателот на СДСМ Куманово Мартин Костовски.
Тој како шеф на изборниот штаб ги повика сите партии и учесници во изборниот процес на локалните избори да водат фер кампања и да покажат пред граѓаните и меѓународната заедница дека сме демократско општество.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk