Промоција на книга од Сеида Бегановиќ

13.10.2015 11:25 | KumanovoNews

Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ утревечер во 18.30 часот, ќе биде промовирана книгата “За жените кои немаат куќа и три обични дена“  од Сеида Бегановиќ.

Промоција на книга од Сеида Бегановиќ

Се работи за книга која е наградена во 2014 година со признанието “Книжевен мост“, кое го доделува Друштвото  на писатели на Македонија. Промотор ќе биде Владимир Мартиновски, а делови од книгата ќе чита актерката Александра Пешевска. Сеида Бегановиќ  е родена во Зеница, Босна во 1961 година.  Завршила студии по филозофија и социологија на Филозофскиот факултет во Сараево. Живее и работи во Скопје. Нејзината поезија и проза е преведувана на англиски, полски, руски, украински, македонски, албански и турски јазик.

Оваа промоција е дел од активностите за одбележување на 70 години постоење на библиотеката.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk