Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во кафе барот Агора во Куманово, утре во 20 часот, ќе се одржи промоција на книгата цртежи „Are you schizoid“ од Кирчо Арсовски, која неодамна ја објави издавачката куќа „Темплум“ од Скопје.
За книгата ќе зборуваат Никола Гелевски и Владимир Јанчевски.
Кирчо Арсовски е култна фигура на македонската независна културна сцена. Најмногу е познат како музичар (предводник на групата „Трачери“), но создавал стрипови и филмови, пишувал драми и колумни...
Последниве неколку години Арсовски френетично црта. Под неговите шарени моливи веќе излегоа неколку илјади цртежи... Во книгата е претставен мал дел од тој опус, околу 250 цртежи во боја од 2016 година.
Секој купувач на книгата, која ќе се продава по цена од 600 денари, како подарок ќе добие еден беџ и еден испечатен цртеж, по сопствен избор.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk