Промоција на книгата „Хиени во градот“ од Милко Бојковски

28.11.2019 09:22 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“, утре (петок) ќе биде промовирана книгата „Хиени во градот“ од Милко Бојковски.

Промоција на книгата „Хиени во градот“ од Милко Бојковски

Поетскиот ракопис на Милко Бојковски „Хиени во градот“ претставува компјутерски изработен текст. Се работи за нова поетска збирка, на млад и талентиран македонски поет кој веќе објавувал раскази во Маргина, песни БКГ и на српскиот сајт за поезија Поезин.

   Во своите стихови младиот Бојковски е предизвикувачки отворен,  по малку парадоксален, но младешки оргинален. Тој развива луциден и ироничен однос кон животот и кон литературата.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk