Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски

31.01.2023 09:01 | Оливера Пешевска

Во малата сала на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ утревечер со почеток во 19 часот ќе се одржи  промоцијата на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски.

Промоција на книгата „Идентитетот е приказна“ од Иван Антоновски

Книгата е издадена пред 3 месеци, веќе доживеа две изданија и е најпопуларна книга на издавачката куќа Полица.

„Професионално, методолошки точно поставено проучување на Горановата есеистика. Со еден збор сјајно напишана научна студија за светлината на нашата драмска книжевност и театар Горан Стефановски“, ќе напише во рецензијата, меѓу другото, Венко Андоновски.

Промотор на книгата ќе биде проф.д-р.Весна Мојсова-Чепишевска, универзитетска професорка и критичарка. Извадоци од книгата ќе чита актерката Кети Дончевска Илиќ и Анастасија Величковиќ.

Во „Идентитетот е приказна“, покрај студијата на Антоновски е објавен и последниот, тестаментален есеј на Горан Стефановски – „Искрата што се измолкнува (наративи помеѓу чеканот и наковалната)“.

Иван Антоновски е асистент на Филолошкиот факултет „Блаже Конески“ при УКИМ и зад себе веќе има неколку публикации. Минатата година беше прогласен за најдобар млад научник во хуманистичките науки и од претседателот на државата му беше доделено признанието „Успешни млади“.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk