Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Занаетчискиот дом во Куманово утре во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „Кралот на Алшар и изворот на животот“ на кумановецот Филип Петровски. Ова е трета книга на авторот - професор по музика во Гимназијата „Гоце Делчев“ Куманово.
„Книгата ќе ве замисли длабоку за психологијата и за значењето на животот, и сите идни моменти кои технологијата ќе ни го донесе или однесе преку авантурата што претстои“, стои во најавата на настанот.
Дејството во книгата се случува низ познати локации на Македонија, во единствениот рудник на свет Алшар, во замокот во Бислим, во храмот на Кокино. Таму се поставуваат прашањата дали дигиталниот човек е еволуција или наскоро ќе се јави како вишок во природата.
Промотори на книгата се Соња Тодоровска, Анита Цветковска и Љубиша Петровски. Книгата е издадена под покровителство на Општина Куманово.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk