Промоција на книгата „На своја кожа продолжи со насмевка“

16.09.2019 08:06 | KumanovoNews

Во Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ во Куманово, вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „На своја кожа продолжи со насмевка“ од Мирослав Драганов.

Промоција на книгата „На своја кожа продолжи со насмевка“

Промотор е Наташа Алексовска.

Книгата „На своја кожа продолжи со насмевка“, Мирослав Драганов ја издава како продолжение на неговиот мотивациски проект „Продолжи со насмевка“, каде објавува мотивациски видеа и аудио епизоди. Во книгата не станува збор само за мотивациски пораки, туку и се нуди еден поведар, пооптимистичен начин за справување со проблемите, се отвораат прашања за начинот на живот, за депресивната состојба во која се доведува модерниот свет, па се` до нашата заборавена детска насмевка.  

Мирослав Драганов е извршен директор на Институтот за човекови права (ИЧП). Магистрирал уставно право на Правниот факултет во Скопје.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk