Промоција на книгата „Записи од Македонија“ од Милутин Станчиќ во Куманово

11.12.2024 09:49 | KumanovoNews

Во просториите на Занатски дом во Куманово, утре во 19 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Записи од Македонија“ од Милутин Станчиќ. 

Промоција на книгата „Записи од Македонија“ од Милутин Станчиќ во Куманово

Покрај авторот, на промоцијата ќе говорат и Горан Максимовиќ, професор по литература на Филозофскиот факултет на Универзитетот во Ниш, како и магистер Елизабета Краљевски од Куманово.

Збирката патописи и репортажи со наслов „Записи од Македонија“, на авторот Милутин Станчиќ од Скопје, е објавена во  септември 2023 година во Службен весник на Србија. Книгата е резултат на дведецениска работа на авторот.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk