Промоција на книгата „Животот во Хавана“ од Роберто Брсакоски

29.08.2019 10:41 | KumanovoNews

Во просториите на фото клуб Куманово, кој се наоѓа на ул. Титова Митровичка 2,  утре (петок) во 19.30 часот, ќе се одржи промоција на книгата „Животот во Хавана“ од Роберто Брсакоски.

Промоција на книгата „Животот во Хавана“ од Роберто Брсакоски

„Роберто е познат македонски фотограф, а воедно член на фото клубот „Елема“ од Скопје, кој во ова свое патешествие преку визуелни уметнички дела ќе ни го претстави животот на едноставниот жител на Хавана, секојдневието таму, радостите, тагите кои Хавана ги поседува и го пленува секој гледач да отиде таму и да ја вкуси едноставноста и среќата, по која секогаш трагаме далеку, а никогаш не ни текнува да ја најдеме околу нас.  На промоцијата заинтересираните ќе имаат можност да продискутираат со авторот, како и да го купат неговото дело“, - соопштуваат организаторите.


Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk