Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Библиотека „Тане Георгиевски“ во соработка со локалната самоуправа Куманово, утре во 12 часот во Занаетчискиот дом, организираат литературна средба – „Македонскиот јазик и Блаже Конески“.
На програмата е промоција на книгите „Мојот професор пророк“ посветени на Блаже Конески од авторот проф.др. Вера Стојчевска Антиќ. Промотор на книгата ќе биде проф.др. Димитар Пандев.
На промоцијата ќе се читаат извадоци од книгите, музички точки, како и обраќање на авторот на книгите проф.др. Вера Стојчевска Антиќ.
Книгата му е посветена на Блаже Конески, каде што авторката го опишува својот однос со него, како и нејзин коментар за некои од песните на Блаже Конески.
Вера Стојчевска-Антиќ е историчарка на книжевноста и на книжевната теорија. Зад себе има над 850 објави во земјата и во странство, од кои 75 се книги. Нејзината научна дејност е позната во голем број македонски и странски славистички центри, а главно се одвива околу средновековната македонска книжевност.
Влезот е слободен.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk