Промоција на локалната младинска стратегија

26.02.2014 14:59 | KumanovoNews

Во Уметничка галерија утре во 13 часот ќе биде промовирана локалната младинска стратегија на Куманово.

Промоција на локалната младинска стратегија

Локалниот Младински Совет заедно со Општина Куманово во последните месеци интензивно работеше на изработка на локалната младинска стратегија. Овој настан за има цел да ја промовира младинската стратегија на Куманово 2014-2019 година, организирана од Локалниот младински совет на Куманово и Општина Куманово, со поддршка од Канцеларијата на УНДП и мисијата на ОБСЕ во Скопје.

Со поздравен говор ке се обратат високи претставници на канцеларијата на УНДП и мисијата на ОБСЕ во Скопје, директорот на Агенцијата за млади и спорт, градоначалникот на Општина Куманово и претставник од Локалниот Младински Совет.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk