Промоција на Македонска рок енциклопедија од Тошо Филиповски

02.11.2018 11:48 | KumanovoNews

 Во Центарот за Култура "Трајко Прокопиев" во Куманово, вечерва ќе се одржи промоција на книгата "Македонска рок енциклопедија (1963-2018), Прв Том" од Тошо Филиповски.

Промоција на Македонска рок енциклопедија од Тошо Филиповски

Во енциклопедијата се опфатени музички состави од самата појава на овој феномен, во 1963та година, се до денес. Набројани се вкупно 333 музички состави, споменати се повеќе од 2000 музичари, прикажани се околу 400 фотографии.

На промоцијата ќе биде присутен приредувачот на Енциклопедијата - Тошо Филиповски, а ќе биде прикажан и краток документарен филм кој ја опфаќа рок сцената во Македонија во 60-тите и 70-тите години од XX век.

Промотор на Енциклопедијата ќе биде Љубиша Петрушевски, долгогодишен културен активист.

Настанот започнува во 19:30.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk