Промоција на монографијата „50 години пчеларство во Куманово и кумановско“ од Бобан Стошевски

25.05.2023 14:22 | Оливера Пешевска

Во Занаетчискиот дом, вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на книгата „50 години пчеларство во Куманово и кумановско“  од Бобан Стошевски, претседател на здружението „Пчела“ од Куманово.

Промоција на монографијата „50 години пчеларство во Куманово и кумановско“ од Бобан Стошевски

Со промоција на книгата се одбележуваат два важни датуми на здружението „Пчела“ - 50 години од нивното формирање и непрекинато постоење и 20 мај - Светски ден на пчелата.

„Со двата датума малку доцниме. Промоцијата пред две години не се одржа поради ковид кризата, а датумот 20 мај го промашивме поради немање на слободен термин во салата каде е закажана промоцијата. Но, еве конечно и тоа ќе се случи и нашите членови се навистина возбудени поради настанот“, изјави авторот Стошевски.

Во креирање на делото со свои материјалиискуства и слики учествувале членови на здружениетоно најголема помош имал од сопругата Валентина Стошевска. Лектор е Слаѓан Спасовски,професор по македонски јазик воедно и промотор на книгата.

„Ги покануваме сите сегашни и поранешни членови, сите пчелари од Куманово и Кумановско и сите вљубеници во пчелата и пчелните производи како и потенцијалните идни пчеларки и пчелари, да дојдат на промоцијата“, кажа Стошевски.

Проектот е финасиран од Општина Куманово, приватни фирми, граѓани подржувачи и најголем дел од членовите на Здружението „Пчела“, кое во моментов брои 120 члена.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk