Промоција на музички проект во “Крсте Мисирков“

26.02.2014 08:42 | KumanovoNews

Во основното училиште “Крсте Мисирков“ утре во 12 часот ќе се оддржи промоција на проектот “Музиката е универзален јазик на човештвото“.

Промоција на музички проект во “Крсте Мисирков“

Цел на проектот е промовирање на интеркултурализмот како вредност на едно инклузивно училиште. Тој придонесува учениците подобро да ги разберат, почитуваат и ценат културолошките разлики и сличности.  Поттикнува, развива и негува позитивна интеракција и соработка помеѓу учениците од различни етнички, социјални и културни средини.

Проектот се реализираше со анкета за истражувачка дејност во областа на музиката, интеркултурни работилници во одделенска настава, снимање на краток филм и публикување, изработка на списание и ДВД филм.

Проектот е финансиран од УСАИД, Фондација Отворено Општество на  Македонија и Детска фондација  Песталоци од Швајцарија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk