Промоција на „Насликано време“ од Стојан Тарапуза

15.10.2015 12:49 | KumanovoNews

Во Градската библиотека „Тане Георгиевски“ утре во 12 часот, ќе биде промовирана книгата „Насликано време“ од Стојан Тарапуза.

Промоција на „Насликано време“ од Стојан Тарапуза

Оваа книга ја доби наградата “Ванчо Николески“ за најдобра книга за деца. Промотор ќе биде Кристина Николовска.

Стојан Тарапуза е македонски поет и писател за деца. Тарапуза е роден на 29 декември 1933 година во Злетово, пробиштипско. Завршил Виша педагошка академија во Скопје. Работел како новинар во „Детска радост“, во книгоиздателството „Наша книга“ и во Македонското радио. Член е на ДПМ од 1966 година.

Негови позначајни книги се: Црвено растење, Во каменот ден, Грејни сонце, Училиште за кловнови, Зборови по дворови, Седум брода, Цвет и злато, Ѕуница - пауница  и други.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk