Промоција на новиот Ургентен центар во Куманово

06.06.2019 07:09 | KumanovoNews

 Во Општата болница-Куманово денеска ќе биде промовиран новоизградениот Ургентен центар кој наскоро ќе биде пуштен во употреба.

Промоција на новиот Ургентен центар во Куманово

На промоцијата на Ургентниот центар предвидено е да присуствуваат министерот за здравство Венко Филипче, директорката на Општата болница Куманово Снежана Захариева и градоначалникот на општина Куманово Максим Димитриевски.

Во новиот Ургентен центар ќе бидат сместени итната хируршка амбуланта, ортопедска, анестезиолошка амбуланта, компјутерска томографија и ЕХО дијагностика. Од оваа инвестиција придобивка ќе имаат над 30.000 пациенти кои на годишно ниво гравитираат во Ургентниот центар, со посебен акцент на хирургија, урологија и ортопедија.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk