Промоција на „Потковица и апокалипса„ од Драган Илиевски

04.02.2017 10:29 | KumanovoNews

Kнигата раскази „Потковица и апкалипса„, од прерано починатиот македонски писател Драган Илиевски – Гари (1961-2015), вечерва ќе биде промовирана во ресторанот „The Best choise“, на ул. Народна Револуција бр.45 во Куманово.

Промоција на „Потковица и апокалипса„ од Драган Илиевски

„За познавачите на литературата книжевниот лик на Драган Илиевски не е новина, но две години од неговото заминување се само повод за расветлување на делата што ги остави зад себе. Во поговорот на книгата избор раскази „Паралелно време“ стои: Драган немаше големи амбиции околу литературата. Можеби имаше напишано уште многу необјавени раскази што допрва треба да се откријат во некоја негова фиока. Тој беше способен да изрежира такви иновантни трикови. Обично отседнуваше во некоја дупка од кафана, сам или во друштво на останатите пијаници и пијуцкаше, замислен како да пишува во своите мисли. Последните десеттина години никој не знаеше дали навистина престанал да пишува, - напиша Бобан Богатиновски.

Промоцијата започнува во 19.00 часот. Контакт телефон 078 337755.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk