Промоција на прекугранична конференциска врска

15.05.2012 14:37 | KumanovoNews

  Во Општината Куманово утре ќе се одржи завршната конференција на проектот за зајакнување на капацитетите за заедничка економска соработка на Ќустендилската област и Северо-источниот плански регион, од програмата за преку граничца соработка помеѓу Македонија и Бугарија.

Промоција на прекугранична конференциска врска

На завршната конференција двете страни ќе воспостават комуникација по електронски пат, со помош на видеоконференциска врска и специјална опрема за таа намена, набавена во рамки на проектот.

Со помош на ова софистицирана опрема македонските и бугарските колеги, ќе комуницираат и по завршување на проектот, што е воедно и целта на оваа меѓусебна соработка на двата меѓу гранични партнери. Воедно на завршната конференција покрај воспоставување на видео конференциска врска, ќе се презентираат и постигнатите резултати за времетраењето на проектот и начинот како успешно да се продолжи ова меѓугранична соработка – изјави проект менаџерот Ирена Цопа на денешната прес-конференција.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk