Промоција на проектот за рехабилитација на канализационата мрежа во Куманово

05.10.2016 08:04 | KumanovoNews

Во Куманово денеска во 13 часот ќе биде промовиран проектот „Рехабилитација и проширување на канализациска мрежа во општина Куманово”.

Промоција на проектот за рехабилитација на канализационата мрежа во Куманово

Со реализацијата на проектот, вреден 4.323.224 евра, ќе се решаваат проблемите со собирањето и одведувањето на урбаните отпадни води во општина Куманово.

На промоцијата ќе се обратат министерот за животна средина и просторно планирање Башким Амети, вицепремиерот за европски прашања Арбр Адеми, амбасадорот на ЕУ во Македонија Самуел Жбогар и градоначалникот на општина Куманово Зоран Дамјановски.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk