Промоција на првиот меѓународен електронски зборник

12.11.2014 12:30 | KumanovoNews

Во Центарот за култура “Трајко Прокопиев“ утре во 12 часот ќе биде промовиран првиот меѓународен електронски зборник на поезија и проза “Симбиоза на планетата“.

Промоција на првиот меѓународен електронски зборник

Овој зборник е проект на Клуб на книжевни творци “Симбиоза“ од Куманово.

“По објавување на меѓународниот конкурс се пријавила 58 поети од кои 14 се од 9 земји од странство, меѓу кои Канада, САД, Франција, Германија, Австрија, Бугарија, Србија, Хрватска и БИХ. Има натпреварување во три категории: поезија, проза и афоризми. Ова е прв електронски зборник, сместен во електронска книга на цд што е ново на македонското културно поле“ - вели Верица Петровска, претседател на “Симбиоза“.

 Зборникот е културен подарок за кумановци по повод 11 Ноември - денот на ослободувањето на Куманово.

Музички гостин е оперската певица Серафина Фантаузо.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk