Промоција на „Рогот на љубовта“ од Божин Павловски

24.10.2015 10:36 | KumanovoNews

Во Градската библиотека “Тане Георгиевски“ во вторник во 12 часот, ќе биде промовирана книгата “Рогот на љубовта“ од Божин Павловски.

Промоција на „Рогот на љубовта“ од Божин Павловски

Книгата ја доби наградата Стале Попов од Друштвото на писатели на Македонија. Промотор ќе биде Блаже Миневски, а  извадоци од книгата ќе чита актерката Кети Дончевска Илиќ.

Павловски е роден на 7 јануари 1942 година во демирхисарското село Жван. Негови попознати дела се : „Игра со љубов“, „Лудисти“, „Дува“, „Австралија, Австралија“, „Подвижни гробови“, „Изгубени во рајската градина“ и други.

Авторот е добитник на наградите Рациново признание, 11 Октомври, Гоцева повелба, Кочо Рацин и други.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk