Зачленете се во нашиот клуб на читатели и најновите текстови ќе ги добивате на вашата мејл адреса
Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на дебитанскиот роман „Водни тела“ од кумановката Ана Аврамовска.
Промотор на книгата е Милена Сиљановска, а делови од делото ќе презентира актерот Теоман Максут.
Музички гости на вечерта се Сара Александровска, Дамјан Поповски и пијанистот Јован Цветковиќ.
На промоцијата можат да се погледнат делата на локални ликовни уметници од Форма Куманово.
Првиот роман на Аврамовска е инспириран од Куманово, како било некогаш и сега. Таа досега има објавувано повеќе поетични и прозни творби. Долги години живеела, студирала, работела и творела во Австралија. Добитник е на повеќе награди меѓу кои и наградата за поезија од Ред Рум Поетри. Во родниот град се вратила за да работи на својот прв роман.
Промоцијата е во организација на Фондацијата за култура и спорт на Општина Куманово, а влезот е слободен за сите заинтересирани.
2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk