Промоција на „Сага за македонските воени пилоти“ од Џиков и Кипровски

09.05.2018 06:45 | KumanovoNews

Во фоајето на Центарот за култура „Трајко Прокопиев“ вечерва во 20 часот, ќе се одржи промоција на монографијата „Сага за македонските воени пилоти“ од авторите Ставре Џиков и Киро Кипровски.

Промоција на „Сага за македонските воени пилоти“ од Џиков и Кипровски

 „Делото „Сага за македонските воени пилоти“ е оргинален труд со оглед на тоа дека на оваа тема прв пат се вршат истражувања од ваков вид со приложување на оргинални фотографии и изворни податоци за личности и настан кои го одбележале македонското воено воздухопловство. Монографијата осетно ги надополнува тематските недостатоци во нашата држава со што се дава особен придонес во поттикнување и развој на истражувања од различни области од национална воена историја на Макдонија. Верувам дека овој труд ќе иницира нови истражувања и проширување на постојаните сознанија“,- напишал  проф.д-р Александар Стојчев.

 Промотори на книгата се Марјан Ивановски, Трајан Гоцевски и Драган Павловски.

Ќе настапат ученици од музичкото училиште Панче Пешев.

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk