Промоција на стихозбирката „Плетенка“ во Занаeтчискиот дом во Куманово

21.06.2023 08:14 | Оливера Пешевска

Во Занаетчискиот дом во Куманово вечерва во 19 часот ќе се одржи промоција на стихозбирката „Плетенка“ од Сузана Божиновска (38) од Куманово. Рецезент и промотор на збирката е Христина Алексовска, директорка на Библиотека „Тане Георгиевски“ Куманово.

Промоција на стихозбирката  „Плетенка“ во Занаeтчискиот дом во Куманово

Промоцијата ќе биде збогатена со музички точки, играорна група и делови од книгата кои ќе ги презентираат талентирани ученици.

„Според поетесата магија е да веруваш во себеси, во љубовта. Таа во својата збирка плете плетенка, каде цврсто ги спојува минатото, сегашноста и иднината. Прави долга плетенка од сите мигови, од љубов, тага, разочарување изразувајќи ги чисто и искрено своите емоции“, изјави Христина Алексовска.

Ова е втора стихозбирка на Божиновска, по минатогодишното издание на книгата „Дождови“.

Книгата е во издание на Библиотеката „Тане Георгиевски“ Куманово со финансиска поддршка на Општина Куманово.

 

Advertisement

2008 - 2025 Kumanovonews.mk • Сите права се задржани. Текстовите не смеат да се печатат или емитуваат, во целина или во делови, без договор со Kumanovonews.mk